Натали од „Всушност, љубов“ не беше дебела

А кое друго време е поприкладно за оваа дискусија, ако не денешново.

Тежината на актерката во филмот постојано се спомнуваше, и со оглед на тоа во какви времиња живееме - ич не остаре добро - светот многу се промени од премиерата на „Всушност, љубов“ пред 18 години.

Еден од подискутираните проблеми е постојаното повторување на тежината на ликот Натали - симпатичната вработена што му носеше чај и колачи на британскиот премиер, за на крај тој да се вљуби во неа. Денешната публика расправа дека како жена со нормално тело (што е точно), не е фер да биде нонстоп изложена на боди-шејминг.

Муабетот го потегнува боди-позитивната инстаграмџика Алекс Лајт, во пост со наслов „Натали не е дебела“:

Натали објаснува дека ја откачиле затоа што никој не сакал девојка со бутови колку стебла, а нејзината колешка ја нарекува „дебелката“ и коментира како има „позамашен задник и големи бутови“. И татко ѝ на Натали ја вика „буцка“.

Осумнаесет години подоцна, пишува Грација, „сѐ уште не можеме да веруваме дека воопшто се зборува за нејзината тежина“, како да се родиле вчера, и како да не знаат какви стандарди за убавина беа наметнувани тогаш.

„Ако решите да го гледате Всушност, љубов јадејќи сендвич, се надеваме дека ќе уживате,“ вели Бони Мекларен во нејзината статија. „Но, еве ви потсетник дека Натали не е дебела. И без разлика на тежината, тоа не требаше воопшто да се спомнува. Без разлика што беше пред 18 години.“

Да, не требаше, и Натали не е дебела, ама да се повториме - 18 години.

10 јануари 2022 - 12:01