- Во интервју за i-d.vice, Шер дискутира мода, политика, емоџи, слонови и најголемите животни лекции.
- „Кажи, Шер, колку често ги гледаш твоите филмови?
-Никогаш. Но, сега морам да ги гледам, затоа што работам биографија и како да одам по рендано стакло. Не сакам да се гледам. Мислам, не ми пречи. Што ми се допаѓа? Па, можеби ‘Сирени‘ и... Ај, ќе повлечам сè што кажав. Ми се допаѓа ‘Вештерките од Иствик‘, ‘Сирени‘ и ‘Мунстрак‘. Сега ги гледав.“
- „Кој совет би ѝ го дала на 19-годишната Шер?
-Тој што секако го користам, да бидеш љубезна и да бидеш искрена, затоа што нема да биде добро ако не си. И да не трпиш срања - и прави сè што сакаш да правиш веднаш. Не штеди за одмор што ќе го земеш за 10 години. Живеј си го животот. Исто, ако носиш нешто што на другите не им се допаѓа - големо чудо. Мораш да бидеш тоа што си. Мораш да бидеш верна на тоа што си и да бараш авантури ако тоа го сакаш. Златното правило на мајка ми, по кое што апсолутно живеам веќе долго време е: Ако не е битно за пет години, не е битно.Значи, ако се мачиш околу нешто, мораш да се прашаш, ќе биде ли ова битно за пет години? И обично одговорот е не, но ако е, тогаш знаеш дека мораш да го направиш.“
- Авторката Кејт Листер остро ја критикува чантата Биркин на Ермес како еден од најекстремните симболи на раскош и економска нееднаквост. Вели, чантите чинат десетици илјади фунти, а ретките примероци и стотици илјади, а нивната огромна цена не е оправдана со функционалноста, туку со престижот и желбата да се покаже богатство.
- Мета на критика е и културата околу сето тоа, промовирана од славни личности, инфлуенсери и ултрабогати луѓе. Според неа, апсурдот не е само во тоа што една чанта може да чини повеќе од годишната плата на медицинска сестра, туку и во фактот што ваквото расфрлање со богатството се слави како статус и успех, наместо да предизвикува непријатност во време кога многу луѓе живеат во сиромаштија.
- Смета дека Биркин можеби го губи статусот на престижен предмет бидејќи станала премногу присутна во културата на славните и почнала да се смета за кич. Посакува свет во кој луѓето ќе се гордеат со огромни донации каде што се потребни, не со фотографии каде што држат луксузни чанти.
- Авторот Бен Коб, по години поминати во Лондон како уредник и писател, во 2024 година со сопругата се преселил во Котсволдс, иако првично нивната стара куќа од 1605 година требало да биде само викендичка. Реновирањето било многу поскапо и покомплицирано од очекуваното, но тие успеале да го зачуваат карактерот на историскиот дом, со антиквитети, стари ткаенини, тапети и внимателно избрани бои.
- Најголемото изненадување бил новиот живот во малата заедница. Наместо очекуваната изолација и мир, Коб и сопругата стекнале нови пријатели и откриле дека селото има богат социјален живот, со вечери, коктели, отворања на ресторани и дури и повремени забави во штала. Токму преку новите познанства се родила и идејата за негова нова машка модна колекција инспирирана од животот во Котсволдс.
- По две години, Коб вели дека преселбата целосно му го променила животот. Почнал да се занимава со градинарство и пилатес, пронашол чувство на смиреност што долго му недостигало и, парадоксално, почнал уште повеќе да го цени Лондон.