- На 39 години, Кирстен Данст е веќе ветеран, и ја има една од најекспанзивните кариери во Холивуд. Сега се наоѓа на прагот на голем филм - The Power of the Dog, на Џејн Кампион и се работи за (уште една) комплицирана улога што ја носи во центарот на муабетите за доделување награди.
- Во филмот ја глуми Роуз, вдовица што се мажи за нежен, богат човек (нејзиниот партнер од приватниот живот, Џеси Племонс), а почнува да ја малтретира неговиот језив брат (Бенедикт Камбербеч). Овој тип на улога ѝ е познат, и не мислела дека ќе ѝ се повтори: „Не беше улога што умирав да ја играм,“ вели таа. „Многу стар дел од мене е тоа - многу несигурна жена - и не е забавно да се потсетиш и психолошки да се плашиш себеси на еден начин, и да живееш во многу плитко, во однос на самодоверба. Но, истовремено, тоа ми е и работа.“
- Фановите ќе се согласат дека одамна веќе требаше Оскар, но Данст мисли само на тоа да не се форсира во животот и да биде задоволна под сопствени услови.
- Споделува и сеќавање од снимањето на „Интервју со вампирот“:
„До ден денес не сум била на толкав сет. Но, имав многу поддршка и љубов. Том Круз и Бред Пит беа многу фини со мене. Ме третираа како помала сестра. Се сеќавам дека најлошото нешто што морав да го направам на тој филм беше да цицам крв од вратот на една личност. А се потеше толку многу, ќе умрев. Си викав, ‘Боже, не ме терајте. Како да го направам ова?‘ Многу се потеше. И јас ја ставив устата на врат и умирав. Гледате, дури и најсмешното сеќавање од тој филм е многу нормално и многу детско.“
- Авторката Кејт Листер остро ја критикува чантата Биркин на Ермес како еден од најекстремните симболи на раскош и економска нееднаквост. Вели, чантите чинат десетици илјади фунти, а ретките примероци и стотици илјади, а нивната огромна цена не е оправдана со функционалноста, туку со престижот и желбата да се покаже богатство.
- Мета на критика е и културата околу сето тоа, промовирана од славни личности, инфлуенсери и ултрабогати луѓе. Според неа, апсурдот не е само во тоа што една чанта може да чини повеќе од годишната плата на медицинска сестра, туку и во фактот што ваквото расфрлање со богатството се слави како статус и успех, наместо да предизвикува непријатност во време кога многу луѓе живеат во сиромаштија.
- Смета дека Биркин можеби го губи статусот на престижен предмет бидејќи станала премногу присутна во културата на славните и почнала да се смета за кич. Посакува свет во кој луѓето ќе се гордеат со огромни донации каде што се потребни, не со фотографии каде што држат луксузни чанти.
- Авторот Бен Коб, по години поминати во Лондон како уредник и писател, во 2024 година со сопругата се преселил во Котсволдс, иако првично нивната стара куќа од 1605 година требало да биде само викендичка. Реновирањето било многу поскапо и покомплицирано од очекуваното, но тие успеале да го зачуваат карактерот на историскиот дом, со антиквитети, стари ткаенини, тапети и внимателно избрани бои.
- Најголемото изненадување бил новиот живот во малата заедница. Наместо очекуваната изолација и мир, Коб и сопругата стекнале нови пријатели и откриле дека селото има богат социјален живот, со вечери, коктели, отворања на ресторани и дури и повремени забави во штала. Токму преку новите познанства се родила и идејата за негова нова машка модна колекција инспирирана од животот во Котсволдс.
- По две години, Коб вели дека преселбата целосно му го променила животот. Почнал да се занимава со градинарство и пилатес, пронашол чувство на смиреност што долго му недостигало и, парадоксално, почнал уште повеќе да го цени Лондон.