Кога богаташки деца плаќаат да бидат волонтери

„Волонтуризам“ е кога привилегирани западњачки деца ќе си платат за искуството да работат во добротворни цели во странски земји. Како им текнуваат вакви работи?

Не е ни таа младина толку крива - си постои, си се нуди. Она што е незгодно е што таму успеваат да дознаат. Една таква интервјуираат од Вајс и раскажува како домот за деца без родители што мислела дека го изградила, го расклопиле и одново го изградиле преку ноќ.

Не било само тоа - локалните деца ги валкале намерно за да им изгледаат посиромашни, односно „да се придонесе кон поинтересно искуство за волонтерите“. Ги терале и да им пеат и да им играат (ви текнува на она грдо чувство кога луѓе што биле во Африка на одмор објавуваат видеа како им пеат мештаните и им играат деца околу нив?)

Цел тој свет на волонтуризмот е лажен и грд, а луѓето плаќаат за искуството на добротворни активности без воопшто да им помагаат на локалците, напротив - често им прават штета.

 

21 декември 2022 - 12:42