
Никаде не пишува до која висина се важи, ама во паркот Танг Парадајс пуштиле стотици жени бесплатно од 15-ти до 19-ти јуни под услов да се потешки од една империјална конкубина на династијата Танг.
Според промоцијата, 62 кг, поточно 61.8 е просечната тежина на Јанг Гуифеи, придружничка од осмиот век и една од „четирите големи убавици на Кина.” Се истакнува и дека „мала прекумерна тежина” било стандардот за убавина за време на таа династија (618-907 н.е)
Женските посетители седнувале на огромна вага и потешките ги вклучувале и во натпревар за избор на „Убавица на Танг династијата”.
По интернет се разбира вријат коментари - на луѓето не им се верува. Некои се шегуваат дека се доволно тешки да учествуваат, останатите се очекувано критични. Не знаеме дали на административците од Танг Парадајс им е гајле, ама често се провлекуваат коментари од типот „Дискриминирате слаби!” и „А мажите?”
А не е прв пат вакво нешто во Кина. Во 2014-та еден ресторан во југоисточна Кина понуди попуст на дебели мажи и слаби жени.
Како ли би можеле ние да го примениме ова?