Глобалниот шеф на содржини за Конде Наст - Ана Винтур и глобален уреднички директор на Вог „Париз“ одлучи да го менува името во обид да ги унифицира уредничките операции за меѓународните изданија на магазинот.
Уредниците на легендарниот Ле Фигаро во обраќања до јавноста ја изгореа Винтур и нејзините уреднички одлуки, плус поклонувањето кон Воук-измот откако се објави дека зборот „Париз“ нема да го има во следниот број, од 4-ти ноември.
„Ова графичко поттиснување е во придружба на уредничка, дури и идеолошка промена и масивен социјален план,“ забележува весникот, пред да почне да пука кон ужасната економска историја на Винтур и Конде Наст. „Колосалните загуби во последните неколку години (100 милиони долари во 2020 само за американската дивизија), заедно со дигиталната трансформација на секторот, доведоа до нова стратегија на „делење содржина“ за сите списанија меѓународно, вклучувајќи ги Вог, ЏиКју и Венити Фер.“
Тврдат и дека Вог Париз е во опасност да ја изгуби душата додека Винтур тера со „американските освестени вредности“ во обид да ги ублажи опаѓачките бројки - и дека Вог го брише Париз од мапата.
Конде Наст е под влијание на инфлуенсерите, активизмот на социјалните мрежи и разни кампањи, гласно жали Ле Фигаро.
Минатиот месец, Конде Наст ја замени уредничката на Вог Париз, Емануел Алт која го уредуваше списанието една деценија, со ученичката на Винтур - Јужени Трошу, што беше потег што Винтур неколку пати го има направено низ годините како главна за содржини, со непостојани резултати.