Еден германски Тулуз Лотрек, неговите танчерки и мракот

За Тулуз Лотрек сте слушнале, ама најверојатно не и за Волтер Шнакенберг, илустратор од раниот 20. век, способен да создаде кошмарни слики еднакво лесно колку и да го претстави веселиот буржујски Берлин од предвоена Европа.

Животот на Шнакенберг е мистерија. Почнува како цртач со око за детали и боја, и влегува во свет на танц и хумор - фигуративни цртежи со грациозни линии што формираат танчери и маскирани изведувачи како инвентар на берлинските ноќи.

Патувал исклучиво низ Европа, а во Париз пристигнал на почетокот на 20-от век и ги барал Тулуз Лотрек и Пикасо. Неговите рани дела што го претставуваат самракот на боемски Берлин се инспирирани од славните постери на Лотрек за иконичните париски кабареа. Од прилика ова време ја запознава и неговата муза, извесна Ло Хесе, модел и танчерка во Берлинската опера. Му позирала речиси за сите дела еден период, а самиот Шнакенберг дизајнирал костими за операта.

Направил безброј илустрации од Хесе за костими и постери. Во 1920, добил пари да ја илустрира книгата Балет и пантомима, со 22 литографски принтови во боја. Хесе и други му позирале за ова и вдахнале живот во креациите на Шнакенберг.

Неговите дела влегуваат во две категории - ведри, шарени и оптимистични пред војната, и мрачни, тажни и надреалистични кошмари потоа. Во подоцнежниве, врие од луѓе што ги бркаат животни и извитоперени човечки форми, дури и потсетува на Вилијам Блејк и на Данте и качувањето по планината на Чистилиштето. Просто е криминал што досега немало громогласно рекламирана изложба да прошета по битните музеи во Европа. Нели е греота да не се види ова барем некаде?

Има наслови на делата како Добро и зло, Месечар и Бегство преку покривот - годините војна имале огромно влијание на неговото изразување, па подоцна се фатил и за теми на бегство и гушење, што веројатно било и одраз на неговата умствена состојба или репортажа за туѓите маки и животни битки.

Страсната екстраваганца и луксузот со кои се сретнал во 1920-те потоа се комбинираат со што и да му следело понатаму во животот, и последните дела пред да умре во 1961 му се вакви:

А еве го Шнакенберг на работа:

8 ноември 2022 - 10:10