Поетот и писател Виктор Иго имал многу активен романтичен живот. Бил женет за Адел Фушер преку 40 години, но тоа никако не го одвикнало од врски со други жени.
За него се зборува дека имал дури 200 љубовници, од кои многу и финансиски издржувал со години. Сексуалните авантури ги запишувал во дневник под шифри, со систем од кратенки за сè што секоја жена нудела.
Кога починал во 1885, борделите низ Париз затвориле, за проститутките да можат да одат на погреб. Им бил лојален муштерија, но добил и државен погреб, што на неромантичните може да им значи дека од тие причини и затвориле борделите.
Еден извор дури вели дека жените ги покриле нивните гениталии со црни платна во знак на почит.
Колку треба да си љубовџија?