Во 19 век, кога цветаат борделите во Париз, што би можело да ги натера да затворат? Војна? Полиција? Првото - историски не, второто - можеби. Ама третото е смртта на Виктор Иго.
Во текот на својата 856 години долга историја, Нотр Дам поминала низ многу нешта. Но еден писател и негов славен роман се најзаслужни што црквата го преживеала 19 век, кога готската архитектура била оставана да скапува.
Виктор Иго, еден од француските книжевни џинови, како човек бил давеж. Барем така тврди неговиот современик и колега, Бодлер. A со него се согласуваат и современите француски матуранти.
Твитот е една бескрајно долга и досадна форма во однос на тоа како се разбрале Виктор Иго и неговиот издавач. Нешто како денешното тинејџерско комуницирање со змии, само во аналогна и интерпункциска форма.