Ако треба на вонземјанин да му посочите женски примероци што влијаат на поп-културата, сигурно ќе ви паднат неколку имиња на памет, небитно на која индустрија ѝ припаѓаат. Сепак, прашањето што сега важи е: во денешно време кога се брише границата меѓу славна личност (од забавната индустрија) и инфлуенсер, кога секој може да стане популарен и кога во весници најмногу се врткаат луѓе со најмалку заслуги - постои ли уште концептот на it-girl?
Бидејќи, нели не е сеедно од една страна it-girl да биде Грејс Џонс, или Барбра Стрејсенд или Голди Хоун, а од друга Кајли Џенер, и уште некои тиктокерки што сега не мора да гугламе како се викаат?