Да, знаевме кај ќе тера модата после „Сквид Гејм“

Нов корејски трилер ја симна „Сквид Гејм“ од тронот.

Се работи за Hellbound, и се качи на врв во рок од 24 часа. За врвот, на сродниот претходник му требаа осум дена, ама лесно е кога ти е изоден патот, а трендовите се на твоја страна.

Јужнокорејскиот трилер за еден ден се смести на списокот на „Најгледани“ на Нетфликс и наводно има причина што светот сега полудува по ова. Се работи за најновиот проект на режисерот Јеон Санг-Хо, најпознат по анимираниот „Кралот на свињите“, а во поново време и по драстичниот, насилен зомби-трилер „Возот до Бусан“. Гардијан за новата серија напиша дека „брише под со Сквид Гејм“ и дека за ова „ќе се зборува со децении.“

За што се работи? Па, прво звучи доста пострашно од Сквид Гејм, и тоа секако помага да се закачи публика, а се смета и за малку поумна приказна. Луѓето се принудени да се соочат со нивната проколната судбина откако ќе почнат да се материјализираат сеништа да ги предупредат за датумот и времето на нивната смрт, по што по нив доаѓа страшен, мускулест ѕвер да ги џитне во бездните на пеколот. Нормално, никој на земјата нема абер како да го реши ова, освен неколкумина избрани кои се доведени до статус на месии. И се разбира, народот околу нив им дава повеќе доверба отколку што заслужуваат, но реалноста е помрачна.

Трејлер, па да видиме дали ни се гледа:

30 ноември 2021 - 00:30