Читајте до крај

Не е битно дали е клише, историјата пишува романи.

Д-р Џејмс Бари завршил со школување на 22-годишна возраст и станал хирург во Британската армија.

Во Африка, Бари извел еден од првите успешни царски резови при кој преживеале и мајката и бебето (порано не биле многу навикнати на тоа).

Во Канада во 1857, Бари станува Генерален инспектор на болници и носи подобрувања за сиромашните. Кога умрел, после долга и исклучителна кариера, војската пробала да ги скрие неговите досиеја и пристапот до нив бил забранет 100 години.

И тие сто години морале да поминат.

Внатре пишувало дека докторот бил всушност жена, Маргарет Ен Балкли, преправена во маж.

И приватно и службено живеела како маж, прво за да ја примат на факултет, да може да стане хирург, а подоцна за да ја остават на раат да работи.

Има минимум две книги: Д-р Џејмс Бари: Жена пред своето време и Да не бев женско (вторава, поради нејзината изјава „Да не бев женско, сега ќе бев војник!“)

Или, на подолго - Bookbox.

7 ноември 2022 - 17:44