
Новите верзии на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство се со нов, модерен и интуитивен дизајн, а како една од најзначајните новини е можноста за извршување на платниот промет со странство. Со тоа НЛБ Банка оди чекор понапред кон задоволување на корисничките потреби и реализирање на сите банкарски трансакции на едно место.
Во продолжение се дел од новите функционалности на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство:
• Вршење на девизен платен промет (плаќање на налози и распределба на девизни приливи)
• Можност за промена на лимити за дневни и месечни трансакции реализирани преку НЛБ Клик и НЛБ мКлик
• Можност за брзо креирање, снимање, потпишување и препраќање на налози
• Поголема безбедност при плаќање со дополнителна автентикација со ПИН или со отпечаток од прст при плаќање на налози преку мобилно банкарство
• Нотификација за прилив од странство преку мобилно банкарство
• Можност за активација и деактивација на мобилно банкарство директно преку електронско банкарство
• Можност за финансиска анализа на потрошувачката преку електронско банкарство
Новата верзија на НЛБ мКлик апликацијата веќе е достапна на Google Play и Apple store.
Повеќе информации можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на www.nlb.mk
(Комерцијален текст)