По петти пат успешно се организираше "Lake Ohrid SUP Crossing' со регистрирани 125 учесници од 19 различни земји. Грците беа апсолутни победници во професионалната трка од 23км. Кај мажите оваа година победи веслачот Никитас Цанакис (2h26m) кој постави нов рекорд на оваа дистанца, а кај девојките пак победи Раула Пападимитриу (3h08m). Во трката со даски на дување најбрзо време кај мажите имаше Руди Ван Хевен од Австрија (3h07m) а најбрза кај жените воедно и нов рекордер е Ангела Кер од Англија која го сруши претходниот рекорд со импресивно време од 3h14m.
Сите веслачи стигнаа до целта без потешкотии и без откажувања.