Глигор Гошев (30) и Теодора Гошева (25), "братот и сестрата од македонскиот идол" објавија нов сингл и најавуваат албум којшто веќе е завршен а ќе го промовираат освен во Македонија, и во Франкфурт, Германија. Албумот ќе содржи 2 компакт дискови со по 8 песни. Едниот диск е на македонски, а другиот на англиски јазик.