Vlax:
Ова е бал на Балканот, оро сакато.
и калта и катранот, па слушни како грака гавранот
Ѓаволот будно црта карикатури
Во нова карика која тури, бензин во оганот, дури...
Сите спијат во шатеното јаве,
смртта има апел јавен до секој сит и секој гладен,
секој чист и гаден, секој горд и напатен
Стои пред шалтер наплатен, потрпрен на штаките.
Па пиштат молитви, молците молат клекнати
со стегнат здив, на чело жиг, плачат пред црни икони.
Иронии кои ронат мостови мали, премногу мостови мали
Премногу темни канали, о дали кажи?
Ова е тоа што го викаат свет,
или е само стара-нова војна, пак со својот бајонет?
Дај ми билет и да се губам од тука,
од минското поле, кое почнува да пука!
Ref:
Биди сакат за да си саглам,
биди сакат, биди копиле омилено на тие што те плаќаат!
За да бидеш сега сѐ што не ти годи ајде оди...
во лајната плови, само плови!
Martix:
Сѐ започнува кога не перница око ќе склопам,
сонувам ковчег кој започнува да тропа,
од него со пушки в раце излегуваат лути,
во крвавите униформи, младите регрути.
Маршираат болно, по црвен пат кога
куцајќи ме бркаат со дрвената нога.
Тие што имаат раце, со прст кон мене нишанат
со сопствена крв, по ѕидови напишаа:
„Не го бакнувај грбот, химната не ја пејте,
јарболи без знамиња, крвави платна вејте,
ниту еден од нас не умре за татковината,
профитираат дур се гази за злато мината!“
Подобро на метео прогноза: метеор,
од наредба под шлемот: убиј го детето!
Дур вадат невино срце за да го џвакаат,
од саглам до сакат, пружат рака и мене ме сакаат!
Се будам од кошмар, во потта облиен,
менувам мирен сон за секој орден добиен.
Пушки тешки за носење, потешко да се остават,
смртта пица мајстор, војната бесплатна достава...
Ref:
Биди сакат за да си саглам, биди сакат,
биди копиле омилено на тие што те плаќаат!
За да бидеш сега сѐ што не ти годи ајде оди...
во лајната плови, само плови!
********