Крунослав Киќо Слабинац (Осијек, Хрватска) почина на 77 години, после долги проблеми со срцето. Има два сина, 19 албуми и бројни фанови.
Како млад бил фасциниран од Елвис Присли и Том Џонс, со групата Динамити (во која после него доаѓа Дадо Топиќ) по клубови свират Стонси и Кинкси а потоа започнува соло кариера, со победи по фестивали, југословенска популарност итн. Како што старее, сè повеќе се врти кон родната Славонија и нејзините беќарци.
Малку е познато дека песната „Скалинада“ прво нему му била понудена, но неговиот продуцент ја одбива по што таа оди кај Оливер Драгојевиќ.