“Карма” е првото музичко дело на Синиша Карафилоски кој се јавува како автор/текстописец а изведбата е на Јордан Џејмс Ивановски (член на бендот План Г). Ова дело е едно од повеќето, кои се во план, и со цел да се реализираат во што е можно побрз период да се дојде до еден финален производ односно проект кој е наречен “D’Reamers”.
Самата песна која е снимена во GreenRoom Sound Studio – Скопје, добива елементи на совршен моќен рок-блуз преку модерен звук, за која главни продуцентски “виновници” се Дамир Пух и Наташа Миха, кои исто така учествуваат во аранжманот и во пратечките вокали.