По повод 20ти Април ( 4.20 ) неофицијалниот празник на сите почитувачи на канабисот, реге бендот Брука ја пушти во етер својата најнова песна "Зелено". Низ видеото во кое може да се изнагледате на убавините на полиња со канабис, како и самиот процес на одгледување и конзумирање бендот сака да испрати ГЛАСНА порака за ЛЕГАЛИЗАЦИЈА на канабисот.
Музиката и аранжманот се дело на членовите на бендот, Дарко и Жарко Масларковски - текст и вокали, Александар Савовски - гитара и бас, Лупчо Симоновски - тапани и перкусии и програмирање, микс и мастеринг, Валентин Видовиќ - сакс, кларинет и перкусии.
Зад видео приказната стои АГИЛА ГЕРИЛА, снимано е во Швајцарија и Македонија и искористен е материјал од концертот на Брука во МКЦ.