„Заканувачки“ пораки на читатели

Сабџект на меилот: Закана за тужба: Љупчо Зиков

Здраво Трендо,

Кога веќе го имам твоето внимание со безвезниов наслов, да преминам на содржината: какви тужби какви закани, си газите во офф.нет, само напред.

Пред некој ден ја видов статијата „За Стојан војвода и едно голомеше“ каде горенаведениов пробува да нè убеди дека можеби Цвета од Македонска крвава свадба, стварно сакала доброволно да отиде бегалка кај бегот.

Не ми се верува како типов реално без сатира, без иронија рекреираше еден легендарен бугарски скеч.

Стави таму, нека има.
Александар

3 декември 2021 - 16:58