За Вапцаров
Безмилосна е борбата, и волчка.
И велат дека криела епичности.
Јас паднав. Ќе ме смени друг и: точка!
Што тука значи некаква си личност?
Рафал и смрт ... а потоа си црв.
Тоа е толку логично и грубо.
Но, в луњата ќе сме пак со тебе
мој народе, бидејќи си се љубевме.
************
Никола Јонков Вапцаров, убиен на денешен ден 1942 година во Софија од страна на бугарските фашисти. Да се потсетиме на овие сурови историски факти во ова време кога фашизмот облечен во светкаво руво е mainstream идеологија на господарите на светов.