Весела тинк-тенк математика

Во новиот закон за пушење биле вградени идеи на извесни „Аналитика тинк-тенк“. Тврдат дека со зголемување на само 10% на акцизата, бројот на млади пушачи ќе се намали до 40% (гатале на тинк-тенк гравчиња). Плус дека ваков потег ќе имал благопријатни фискални ефекти врз буџетот. Хмм. Ако 40% престанат да купуваат цигари, како 10% поголема акциза ќе доведе до поголем прилив во буџетот?

п.с. Слоганот на „Аналитика тинк-тенк“ е „Мислечка лабораторија...“ :)

12 јануари 2026 - 12:02