Тито повторно во Скопје!

ЛЕТЕН КАМП КАСТРО
(градска плажа Камен Мост, Скопје)

17ти jули, четврток, старт 21ч.

Влезници во претпродажба 300 денари (во Кастро)
на денот - 400!

За оние кои не знаат..

Тито и Таратула е бенд оформен во далечната 1992 година во Холивуд, Калифорнија, од страна на лидерот, вокалист и гитарист Тито Ларива.

Бендот е познат по своите големи рок хитови After Dark, Angry Cockroaches, Back to the house that love built, Strange face of love, како и по легендарната улога на бендот во филмот на Роберт Родригез – From dusk till dawn, каде истите ја изведуваат After Dark во клубот Тити Твистер додека сексапилната Салма Хаек ужива во егзотичен танц со голем питон околу вратот. Сè понатаму е рокенрол историја..

Во Скопје доаѓаат како дел од нивната голема летна европска турнеја.

24 јуни 2014 - 16:59