Тихо најавува нова книга

Насловот на книгата е позајмен од еден стих на Мустафа Звиздиќ

Наскоро од печат излегува нова книга, избор од современата поезија на Босна и Херцеговина, во избор и превод на Тихомир Јанчовски. Во изборот се поети и поетеси што значат нешто во БиХ, а пишувале во периодот од Дејтон наваму (од Јозефина Даутбеговиќ и Адмирал Махиќ, преку Миле Стоиќ, Фарук Шехиќ и Ахмед Буриќ, до Тања С. Трифуновиќ и Марко Томаш...)

„Во реализацијата на оваа книга не се трошени никакви буџетски пари, од ниедна држава, фондација или амбасада, и мислам дека е крајно време културата да се одвои од државата, инаку... сè ќе си тера како и досега, а вака, како што е - не чини“, пишува Тихомир.

Инаку, ова ќе биде петта книга која тој ја издава годинава. А планира уште три.

„На оние што мислат дека премногу и пребрзо објавувам, и не им чинам поради тоа, им посакувам да објавуваат бавно и по малку. Или ич, може поарно за сите. И печатењето на книгите да си го плаќаат самите, како мене, не да чекаат од државата. На оние што ми се радуваат, и јас им се радувам“, порачува Тихо.

 

5 октомври 2018 - 13:38