Роденденската желба на Трифун

Почитувани пријатели,

На денешен ден пред точно 75 години дојдов на овој прекрасен свет во моето Скопско, Ново Маало, блиску до јазот.

Скопјани паметат за кој јаз станува збор, со детство поминато на калливите улици, израснат во среќно семејство. Голема благодарност до моите родители и севишниот Господ што ме изградија како човек со силни карактерни црти.

На сите вас мои пријатели ви посакувам здравје и убав живот, а ако ме прашате денеска што би сакал за подарок, верувајте ми јас би ја реинкарнирал Мерлин Монро да ми ја отпее песната Happy birthday to you.

* Најдено на ФБ страната на Трифун Костоовски

27 декември 2021 - 16:02