Поддршка за лицата со аутизам
Во Македонија нема регистар за луѓе со аутизам, но ако ја прифатиме светската состојба која кажува дека на 166 луѓе има еден аутистичен тоа значи дека овде има околу 12000. Ова е голема бројка за да се занемари.
Аутизам е нарушување на невролошкиот развој кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст. Аутизмот делува на процесирањето информации во мозокот, со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат.
Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам има за цел да стави акцент на пречките што луѓето со аутизам - и другите кои живеат со аутизам - се соочуваат секој ден. И да се прослават уникатните вредности на оние со аутизам, притоа ставајќи огромен акцент на топлата прегратка и добредојде.
************
Зборувајте со децата, со внуците. Објаснете им дека постојат и поинакви, но не помалку вредни. Деца и лица што не бараат сожалување, туку само подадена рака. Сите заедно да создадеме едно подобро и похумано општество. Ова што мене ми се случува денес, утре може да ви се случи вам.
Сите се наши деца.
Домника Кардула (Аутизмот не е срам!)