Оти сум лажго

******

Мислеше дека ќе проживееш сам,
во темнина и осаменост,
да, знам,
си бил онаму надвор,
си пробал да се измешаш со оние животни,
тоа само те остави понижувачки збунет,
па пак се одвлечка дома да чекаш ништо,
ама прочистувачката осаменост на твојата соба,
повторно те исплука на улица,
жеден за човечки контакт,
и потоа
ме сретна мене
и целиот тој свет се промени,
бидејќи сè што кажувам е сето она што отсекогаш си сакал да го слушнеш,
па го спушти гардот, ги остави сите твои стравови,
и ми веруваш целосно,
јас сум совршен на секој можен начин,
зошто те правам силен и моќен одвнатре,
мислиш дека имаш среќа,
ама твоето его ја сокрива реалноста,
и не ти ни текнува да се прашаш,
зошто толку добро одат работите,
сакаш да знаеш зошто?

Затоа што сум лажливец,
аха, лажго,
ќе ти ја искинам душата,
ќе ти ја спржам душата,
ќе те претворам во мене,
ќе те претворам во мене,
затоа што сум лажливец.

Се кријам зад насмевката
и мекиот поглед
и ќе ти зборувам работи кои веќе ги знаеш
за да можеш да кажеш,
навистина се разбираме,
и додека викаш дека ти требам,
јас маста ти ја земам,
уште ли не ти е јасно?

Ќе ти дојдам како јадост,
ќе те оставам како зависност,
а ти никогаш нема да ме заборавиш,
сакаш да знаеш зошто?

Затоа што сум лажливец,
аха, лажго,
ќе ти ја искинам душата,
ќе ти ја спржам душата,
ќе те претворам во мене,
ќе те претворам во мене,
затоа што сум лажливец.

Не знам зошто имам потреба да лажам
и да ти нанесувам толку болка
можеби нешто одвнатре
нешто што не можам да го објаснам,
зашто сè што правам
е да те реметам и лажам

И ако ми дадеш само уште една шанса
се колнам дека никогаш повеќе нема да те лажам,
бидејќи сега ја гледам уништувачката моќ на лагите
тие се посилни од вистината,
не ми се верува дека те имам повредувано
се колнам
никогаш повеќе нема да те лажам,
само дај ми уште една шанса,
никогаш повеќе нема да кажам лага,
никогаш повеќе лага,
не, не
ха ха ха ха ха ха ха ха ха ха ха хаааа
шупак
шупак!
Јас сум лажго,
лажливец,
и убаво ми е тоа.....
 

23 ноември 2018 - 19:41