Македонските угостители бараат реформи и фер однос

За угостителите првичните проблеми кои треба да се решат се:

  •  селективните и несразмерно високи казни
  • неодржливата даночна политика која го попречува, наместо да го стимулира економскиот развој (намалување на казните и давачките), и
  • несоодоветното работно време кое ги умртвува туристичките потенцијали на земјата.

„Време е за инклузивни политики и конструктивна дебата бидејќи она што ние го работиме не се сведува само на некакви права на некакви кафанџии, туку на егзистенцијата на стотици илјади семејства вработени во овие дејности и перспективите на економски просперитет во Македонија. Како што забележува и Европската комисија при креирањето на своите програми за финансиска поддршка на земјата, нашата иднина е во храната, турзимот и обвновливата енергија. Оттука, невозможно е да се зборува за каков било економски развој, без да се изготви национална стратегија која ќе ги адресира и реши и нашите проблеми како основна пречка за просперитет на Македонија“, вели првиот човек на ХОРЕКА (хотели, ресторани, кафулиња) Јохан Елзесер.

„Работното време е исто така проблем. Од најурбано Скопје, ние имаме мртво Скопје, а проблем е работното време, кое треба да се реши. Перспективите на економскиот квалитет на земјата зависи од оваа точка. Со задоволство можеме да кажеме дека досега наидовме на одличен прием од Владата. Реалното работно време е да ни дозволат да работиме до 1 часот по полноќ, секој ден“, додава претставник на здружението.

повеќе

11 октомври 2017 - 15:15