Македонска хорор игрица излегува на светска платформа

Македонската игра Wounded наскоро излегува на најпознатата светска платформа за игри Steam. Wounded е хорор игра во прво лице, дело на македонското инди студио Workbench Entertainment од Скопје.

Оваа игра е комплетно изработена, прва од ваков вид и со ваков квалитет за нашите простори, со буџет од 0 денари, но со многу љубов и посветеност од целиот нашиот тим.

Тимот што стои позади студиото Workbench Entertainment е составен од млади ентузијасти, чија што љубов кон гејмингот прерасна во страст за правење игри, а за дизајнирањето на оваа игра беа потребни 4 години секојдневна работа.

За демото на Wounded, еден од најпознатите светски YouTube-ри Markiplier изјави

"Ова е одлично! Јас навистина многу уживав во оваа игра. Ова беше забавна авантура, немам играно толку добра инди хорор игра како оваа".

Видеото има околу 5 милиони прегледи, надополнети со бројни позитивни коментари. Целосна верзија на играта излегува на 28-ми февруари, на Steam платформата.

 

26 декември 2018 - 17:21