Почитувани,
Јас сум жител на Ново Лисиче и со години ургираме да ни се реши наметнатиот проблем со нашиот паркинг. Имено, паркингот е преполн со хаварисани, гаражирани и службени возила, згора на тоа го користат и сите гости и вработени од Аеродром бидејќи таму има зонско па за да не плаќаат, се паркираат на нашиот паркинг.
Поради овие причини станарите мака мачат да најдат паркинг место, со децата се влечеме со колички и се друго по километар за да дојдеме дома.
Со години ургираме до општинските власти да се среди овој проблем со отстранување барем на хаварисаните возила. Еве трет градоначалник дојде и никој со прст не мрдна.
Да биде трагедијата поголема од вчера ни го блокираа главниот влез на паркингот заради нестручна работа на новата полициска станица при што исекоа 40 годишни дрва што резултираше со поткопување на патот. Сега цирка 10.000 жители се принудени да го користат помалиот јужен влез во населбата што резултира со огромни гужви и нервози. Дополнително истиот овој паркинг секојдневно го блокираат дистрибутерите на Кам Маркет што внесува дополнителна нервоза кај жителите.
Она што би требало да биде пример за урбано живеење го претворија во кошмар. Сега доколку треба да влезе Брза помош, Пожарна или Комуналец едноставно е невозможно да пристапат.
Радомир
п.с. Тимчо Муцунски, немој да мислиш дека многу те сакаа луѓето што те изгласаа пошто магаре да ставевте после Марин ќе победеше, а ти ако не го средиш овој проблем во најкус рок, немој ни да бараш гласови за втор мандат во ова маало бидејќи краток ќе ти биде рокот исто како на Марин!