На 29 Март, овој петок со почеток во 21 часот во скопскиот клуб Хавана, ќе се оддржи концертната промоција на албумот на Џака Накот - Божјиот Прототип, кој излезе минатата година за (О)култната етикета Шурикен Рекордс.
Настанот ќе биде своевидно прво изведување на песните од албумот , покрај познатите анти-политички "Ода на гадоста" (прогласена за сингл на годината 2011 според канал 103) и "Аха", но и навраќање на некои постари нумери кои ја одбележаа кариерата на Џака.
Гости на вечерта се феноменалните Хроник и Кискинов, како и веќе докажаните Легијата.
Позади грамафоните ќе биде Страјк кој ќе има полчасовен перформанс пред почетокот на самиот концерт.
Со секоја купена влезница добивате копија од албумот.