Ти не си ти кога не си начитан

Heroes e нов издавачки центар кој создава и одбира интересни и забавни изданија за широка публика. Мисија им е да изработуваат и издаваат квалитетни книги кои ќе бидат масовно распространети во државата и ќе бидат достапни по прифатлива цена. На овој начин сакаат да ги популаризираат хероите од разни книги кои во себе носат поуки за реалниот живот и учат за високи животни вредности.

  • Секоја недела ќе издаваат по една книга.
  • Книгите ќе им бидат достапни на читателите во сите градови и населени места во земјата каде се продава дневен печат, на повеќе од 750 продажни места.
  • Покрај географски, книгите ќе бидат и економски достапни, односно ќе можат да се набават по промотивна цена од 100 денари, доколку се купат заедно со дневен печат.

„Со само 15 минути одделени во текот на денот може да се прочитаат дури 2 книги месечно. Ве предизвикуваме да ги најдете тие 15 минути, а ние со нашата програма ви ветуваме дека ќе ги збогатиме вашите животи со многу интересни приказни и херои“ велат од Heroes.

Патем, издавачкиот центар ќе донира 5% од профитот од секоја продадена книга во обнова на библиотеки во домови за деца без родители, болници за деца со ретки болести, освежување на училиштните библиотеки, групни домови низ државата и уште многу места кои ќе ги мапираат заедно со нивните читатели.

23 септември 2019 - 16:13