Музиката и младите потсетуваат на Кочани

На први и втори август се организира дводневен хуманитарен музички настан (Расплет фестивал), организиран од млади луѓе. Главна цел на настанот е да се подигне свест дека донациите не треба да се намалат и дека се потребни исто како уште првите денови на формирањето на Support Kocani.

Донациите стивнуваат. Ние сме овде да ве потсетиме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат за нив, од кои некои директно се вклучени во фестивалот за нивна повторна социјализација.

Вториот дел од настанот (сабота 02/08/2025) ќе започне подоцна, да се остави простор на мировниот марш, кои ние со сè срце го подржуваме, учествуваме и повикуваме луѓе да земаат учество и надвор од Кочани.

Само ние, младите, можеме да си помогнеме едни на други.

Целиот настан е посветен нa Сара Јорданова (наша драга пријателка и соученичка која го загуби својот живот во пожарот), но и кон сите други засегнати.

Се гледаме на први и втори август на Споменикот на слободата во Кочани!

На сцената ќе настапат артисти како Хајка, Taxi Consillium, Корка, Алембик, Јаблан, Don Playa, Луфтанза, Соба Глувих, Големата Вода, Mallard и DJ Gianni.

Марко од Гола Планина Колектив

31 јули 2025 - 13:21