К-15 на винил: „Greatest Hits“

К-15 ДуоТрио го најавува своето прво винил издание – компилација на најголемите хитови.

Ова не е само обична плоча; таа е можност за секој фан да стане буквално дел од историјата, со тоа што неговото име ќе биде отпечатено на внатрешната корица на албумот.

„К-15 ДуоТрио Greatest Hits“ е  првиот винил со „две предни страни“, означени како „абеА“ и „абеБ“. На него ќе се најдат безвременските хитови кои ја обележаа младоста на цела една генерација:

Страна „абеА“: „Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева“, „Шуруп“ и „Пауза“.

Страна „абеБ“: „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да веслам“, „Маде ин“ и „Градинарот“.

Секој што ќе ја нарача плочата во претпродажба, до 25 октомври, ќе има можност неговото име и презиме да бидат впишани на внатрешната корица, рамо до рамо со стотици други верни фанови.

Duris.shop

17 октомври 2025 - 10:31