Хип хоп, дами и господа
Во вторник (14 мај) со почеток во 19 часот, во Домот на градежници (спроти гимназијата Јосип Броз) во Скопје ќе се одржи првиот македонски хип хоп поетри слем на кој ќе настапуваат дел од најдобрите македонски хип хоп артисти во моментов – С. А. М., Нешо (Авторизација), Кацар, Мартикс како и дел од рап групата Клан Исток. На истиот учество ќе земат и дел од најистакнатите македонски слемери – Елена Пренџова, Марија Грубор и Цвета Колева. Како дополнување, осмислен е и Open mic на кој заинтересираните кои сакаат да настапат можат да се пријават за учество на самиот ден.
Поетри слемот е уметнички перформанс на кој учесниците преку рецитал и игра со зборови експлицитно објаснуваат за одредена тема блиска до нивниот начин и стил на живот. Во хип хоп круговите во САД и во некои европски земји овој перформанс е доведен до совршенство и често овие настани се дефинираат како израз на „вистинската хип хоп култура“. Во нашата држава ова е прв поетри слем, и е во организација на неформалната организација Хип Хоп Македонија.
Влезот е бесплатен.