Во сабота во Младински Културен Центар со почеток од 20:00 часот започнува роденденот на пионерите на македонскиот рап Пука Козметика.
Приказната на групата ќе биде раскажана во кино Фросина по што следува промоција на нивната прва винил плоча, за настанот да кулминира во денсинг салата со многу гости рапери и концерт на Пука Козметика.
Пред неколку дена го пуштија својот нов сингл и видео спот за песната Рап ветерани.
Таму ќе бидат и Туте, Нож, Сам, Дре, Багзи, Рибио, Скитер, Пецо Исток, Негро, ќе отстапат и дел за млади емсиња како Крафи, Жабата Леон ММ млад диџеј, како и Диџеј Номадузз кој е дел од Пука Козметика од 2004 та и е нивно креативно крило во дизајнот.
Пука упатуваат длабок поклон и вечно паметење за братот Скипи од Прилеп кои требаше да настапи, но летна кон рајските градини на 09.12.2025.
Нека почива во мир и нека се помни неговата добрина многу години.
Карти за 300 овде, на врата ќе бидат 600.