Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Војна, не војна, Полска има пенали за плаќање на ЕУ

18 јули 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • До сега Полска има натрупано 237 милиони евра казни што треба да и ги плати на ЕУ заради тоа што не оди по ќеифот на ЕУ.
  • Минатата година Европскиот суд на правдата и залепи на Полска казна од 1 милион евра на ден се додека не го укине законот за судии, што Полска го воведе како дел од судските реформи.
  • Најавата е дека ЕУ за почеток ќе задржи 111 милиони евра во ЕУ фондови наменети за Полска.
извор

Мамдани го крева данокот на имот во Њујорк

18 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Новиот „социјалистички“ градоначалник на Њујорк Зохран Мамдани објави дека ќе го зголеми данокот на имот, првпат по две децении. Не гледа друг начин како градските власти може да ја пополнат дупката од 5 милијарди долари во буџетот.
  • „По години лошо управување се соочуваме со буџетска дупка од 5,4 милијарди долари и две можни патеки. Едната е зголемување на даноците за ултрабогатите и најпрофитабилните корпорации, а другата е да се балансира буџетот врз грбот на работниците, преку единствените алатки што му се на располагање на градот“, порача Мамдани.
  • За време кампањата тој промовираше прогресивни реформи за финансирање на бесплатен јавен превоз, стабилизација на станарините и програмите за домување, универзална грижа за децата и минимална надница од 30 долари на час.
  • Последниот градоначалник што го крена данокот на имот во Њујорк беше Мајкл Блумберг во почетокот на овој век.
извор

Панчевски со кривична против членовите на Советот на јавни обвинители

18 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Поранешниот судија и експретседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, кој вчера беше дисквалификуван од трката за нов државен јавен обвинител, ќе поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавните обвинители поради нивната одлука.
  • Тој смета дека сите десет членови на Советот на јавните обвинители, постапиле спротивно на законот при разгледувањето на неговата пријава и утврдувањето посебен услов за кандидат за државен јавен обвинител.
  • Како што вчера наведе заменик-претседателка на Советот, Марјана Илиеска, согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право, а во конкретниот случај на Панчевски функцијата му престанала пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија ниту јавен обвинител.
  • Според Панчевски, членовите на Советот со умисла потешко го повредиле неговото законско право бидејќи има потврда за редовен работен однос на местото судија во скопскиот Основен кривичен суд од 8 февруари 2008 до 28 јули 2020 година или вкупен непрекинат стаж од 12 години, пет месеци и 20 дена.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
2

Драги Холанѓани, затнете нос и голтнете

Онака
3

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина
4

Зошто го сакаме Балканот

Балканштина
5

Вазалите се вазда исти

Разно
6

Етничкиот состав на Југославија во 1981 година

Онака
7

Зеленски и стомакот на Орбан

Разно
8

Зошто атрактивната Холанѓанка после секоја трка се соблекува пред камера?

1

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
2

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

3

Британска измама со „слободата на печатот“ на Балканот

Свет
4

Се сеќавате дека парковите беа затворени во ковидот?

Здравје
5

Што се милијарда патници за кинеските брзи возови?

Занимливости
6

Баер со 7,25 милијарди замолкна илјадници луѓе со рак

Свет
7

Њујорчани ќе збеснат ако лаеш против кучињата

Занимливости
8

ОН: Досието Епстин е полно со докази за злосторства против човештвото

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Од реформи во јавната администрација, издвојуваме

Балканштина

Вељко кидна на време

Балканштина

Зошто го сакаме Балканот

Македонштина

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина

Може замена за буквар?

Македонштина

Скопје на чекор од средновековни болести

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Збир на неофицијални правила по држави

Драган Мијалковски, revisited

Остварен граѓански идеал: ВМРО го облекува, СДСМ го храни

Малку ви е, телиња, малку

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy