- Доналд Трамп најави дека штом ќе го земе мандатот, на ТикТок најверојатно ќе му даде продолжение од 90 дена за компанијата да најде решение со кое ќе ја избегне забраната за присуство на платформата во САД.
- Законот кој им забранува на продавниците за мобилни апликации и услугите за хостирање на интернет да дистрибуираат ТикТок на корисници во САД, стапува на сила в недела.
- По тој закон кој мина во Конгресот а беше потпишан од Бајден лани, на ТикТок му се дадоа девет месеци да најде некинески купец за фирмата кој САД ќе го одобрат.
- ТикТок има преку 170 милиони корисници во Америка. Добар дел од тоа младите, согласно возраста, забраната ја доживуваат трагично:
- Патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, е вклучен на новиот список лица на кои ЕУ сака да им воведе санкции поради војната во Украина - да им ги блокира сметките и имотот и да ги спречи да патуваат во Европа.
- Европската комисија не го открива идентитетот на лицата од проширениот список пред санкциите да бидат одобрени од сите 27 членки, но извори од Брисел потврдиле дека е допишано и името на патријархот.
- ЕУ предложи санкции против патријархот Кирил и во 2022 година, но Унгарија тогаш стави вето на одлуката, со образложение дека тоа е прашање во врска со верски слободи.
- Друга точка од 21-от пакет санкции од ЕУ за Русија предвидува забрана за влез во ЕУ на сите Руси што биле на воена служба во Украина откако почна војната во 2022 година.
- Се бараат и санкции за банки, берзи за криптовалути и за уште 30 бродови од „сивата флота“ руски танкери натоварени со нафта и гас.
- Британската владејачка Лабуристичка партија го обвини Илон Маск дека со порака на X ги поттикнал големите нереди во Северна Ирска како реакција на ѕверскиот напад на азилант со нож врз маж во Белфаст.
- „Само со ПОВТОРНО и ГЛАСНО протестирање ќе има некаква промена!!“, порача Маск пред протестите и сподели десетина локации на кои ќе се собираат луѓе.
- „Ужасно е. Секој што се обидува да поттикне и искористи ваква ситуација за да ја спроведе својата политичка агенда, греши и прави штета. Деца и семејства мораа да ги напуштат своите домови. Не сакаме да видиме вакви нарушувања, штета, бандитство, насилство на нашите улици, и секој што се обидува да го предизвика тоа треба да биде осуден“, изјави Ана Тарли, претседавач на Лабуристичката партија.
- Напаѓачот е идентификуван како Хади Алодид, азилант на Судан, кој морал да ја напушти Британија во септември 2023 година.
- Лекари сè уште се борат да му го спасат животот на Стивен О’Гилви, жртвата на нападот. Тој го изгубил левото око, а има и сериозни повреди на десното и на вратот.