Стевчо Јакимовски треба да оди во затвор на 2 јули
11 јуни 2026
- Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули ќе треба да влезе во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
- Основниот кривичен суд Скопје претходно објави дека со пресуда на Апелацискиот суд, Јакимовски правосилно е осуден на една година затвор во врска со изградбата на општинската зграда во Карпош.
- Во казната му се смета и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Останува во затворот во Шуто Оризари да помине уште седум месеци од казната.
- Јакимовски соопшти дека ќе бара одложување на извршувањето на затворската казна.