- Студентските блокади иницирани од трагичниот настан на Железничката станица во Нови Сад еволуираат во генерален штрајк а опозиционите сили во Србија повикуваат на масовна граѓанска непослушност.
- Од друга страна, Вучиќ и владеачката партија за денеска имаат закажано масовен митинг во Јагодина за каде е најавено иницирање на натпартиско и патриотско движење.
- Медиумите во Србија се со комплетно различен поглед на настаните. Опозиционите (Н1, Нова, Данас...) јавуваат за масовно прифаќање на генералниот штрајк во кој школи, угостителски објекти, продавници, театри и други субјекти кои запираат со работа. Од друга страна, провладините медиуми (Курир, Ало, Пинк...) потенцираат дека Србија живее со нормален ритам, а голем дел од објектите, денес не само што не штрајкуваат туку и даваат бесплатни услуги.
- Српското министерство за образование порача дека за вработените кои учествуваат во штрајкот, согласно законите, платите ќе бидат намалени.
- Сценариото, сценографијата, мизансценот и останатите елементи од оваа драма ние веќе ги имаме видено.
- Возачите на електрични тротинети имаат трипати поголема веројатност да претрпат трауматски повреди на мозокот отколку мотоциклистите или велосипедистите, покажува анализа на сообраќајни несреќи во Ангија и Велс. Сепак, ризикот од скршеници на коските кај возачите на тротинети е помал.
- Според студија во списанието Scientific Reports, помалку од 6% од возачите на електрични тротинети изјавиле дека носат шлем.
- Жените на тротинети имале за една третина повеќе незгоди од мажите и двојно повеќе случаи на тешки повреди. Анализата покажала дека жените почесто возат електрични тротинети по тротоари, а мажите почесто користат мобилен телефон додека возат.
- Голем е ризикот и за децата: 16% од повредите при несреќи со електрични тротинети биле кај лица помлади од 18 години.
- „За разлика од автомобилите и мотоциклите, електричните тротинети беа воведени без никаков услов за обука, иако се моторни возила. Возачите стојат и имаат повисоко тежиште од велосипедистите и почувствителен механизам за управување. Малите тркала повеќе реагираат на удари во дупки или предмети на патот. Овие карактеристики ги прават помалку стабилни по природа и придонесуваат за сериозноста на повредите при несреќи“, забележува Петја Венциславова, виш предавач по транспортна психологија на Универзитетот Нотингем Трент.
- Највисокиот американски генерал бара стратегија за излез од војната со Иран откако заклучил дека воздушните напади сами по себе не се успешни, а понатамошна ескалација би водела кон уште потешки последици.
- Ден Кејн, шефот на Здружениот Генералштаб на воените сили, ги предупредил потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио и директорот на ЦИА, Џон Ретклиф за ограничувањата на воените активности на САД во Иран, според извори на ЦНН.
- „Мислам дека тоа е само неговиот начин да ја заштити војската“, изјавил еден од изворите.
- Еден од клучните проблеми за продолжување на воздушните напади потрошената залиха од муниција. Ројтерс неодамна објави дека американските сили ги потрошиле „речиси сите“ свои наведувани ракети од типовите ATACMS и PrSM во војната со Иран, како и половина од арсеналот на крстосувачки проектили Томахавк.
- Единствената алтернатива на воздушните операции е крајно ризична: масовно распоредување копнени трупи на иранска територија околу Ормускиот проток. Според изворите на ЦНН, Пентагон разгледува и таква опција, но никој не ја поддржува, бидејќи при копнена инвазија и окупација би биле загрозени животите на илјадници американски војници.