- „Пари“ ги анализираше цените на дериватите низ годините и ги спореди со просечните плати. Податоците покажуват дека сега може да се купи повеќе бензин отколку по претходната рекорна цена од 2012 година, но повеќе литри се можни и од времето на Големата финансиска криза која во светот почна во 2007 година, а кај нас се прелеа во 2008 година, кога во првиот квартал е евидентирана и инфлација од 9,5 проценти.
- Што се однесува до давачките кон државата, тие се исти и тогаш и сега, освен акцизата за дизелот која е за повеќе од 3 денари поголема (во април 2012 – 12,297 денари за литар гориво, сега 15,5 денари).
- Говорејќи на самитот на АПЕК, Си Џинпинг повика на поотворена трговија и соработка и го критикува Западот за протекционизам, токму пред американскиот претседател Трамп да пристигне во Шенжен.
- „Треба активно да градиме партнерства за научни и технолошки иновации, да ја продлабочуваме соработката во дигиталната економија и вештачката интелигенција, како и да ја промовираме зелената транзиција со ниска емисија на јаглерод“, изјави кинескиот лидер.
- Си додаде дека Кина се стреми да обезбеди „постабилна, попредвидлива и покорисна средина за глобалните претпријатија“ и дека ќе продолжи да го проширува пристапот до своите сектори за производство и услуги.
- „Почнувајќи со намалување на царините, проширување на пристапот и разгледување на регулативите и стандардите за управување, Кина ќе спроведе длабоки реформи“, рече Си.
- Пред 25 години Америка ѝ помогна на Кина да се приклучи кон Светската трговска организација, со надеж дека тоа ќе ја промени Кина. Улогите се сменија: Вашингтон ги заострува трговските ограничувања, а Пекинг зборува за отворање.
- Струјата повторно е вклучена во четирите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во зградата на Ректоратот, откако е постигнат договор преостанатите неплатени сметки да бидат подмирени.
- Било договорено УКИМ да ги плати заостанатите сметки најдоцна до петок. Доколку рокот не биде испочитуван, повторно се отвора можноста за исклучување на објектите.
- Утринава без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Причината биле неподмирени обврски кон снабдувачот со електрична енергија, кои, според информациите на „Плусинфо“, достигнале околу половина милион евра.
- Дополнителен показател за обемот на проблемот се обврските на јавните и државните институции кон ЕСМ, кои, според податоците на компанијата, надминуваат 24 милиони евра.