- Ова е најскапата набавка на мазут во државата кога било, направена меѓу државната ЕСМ и еколошки контроверзната компанија РКМ. Никој од лиценцираните трговци со мазут не се пријавил на двата повика за набавка на вкупно 188 илјади тони мазут, но Капушевски доставил понуда со девет фирми од различни држави како негови добавувачи.
- ОМВ од Австрија и ИНА од Хрватска тврдат дека Капушевски ги излажал ЕСМ дека тие ќе му продаваат мазут.
- Поголемиот дел од мазутот на РКМ му го продава скопска ОКТА која самата не се пријавија на тендерот бидејќи условите биле тешки.
- Капушевски е талент од ВМРО кој се претвора во зрел играч во времето на СДСМ. Класика.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.