- Бројните контроверзи околу (пре)брзо донесените ковид вакцини ја сменија глобалната перцепција кон вакцините па таа недоверба се одрази врз имунизацијата на децата од болести кои можат да се спречат (дифтерија, сипаници, полио...)
- Во пандемијата невакцинирани останале 67 милиони деца.
- Во 52 од 55 земји е регистриран пад на довербата кон вакцините.
- Организацијата Big Brother Watch открива дека помеѓу 2021 и 2025 година биле уапсени 62.199 лица за дела поврзани со слободата на говорот, што претставува приближно 34 апсења дневно.
- Од нив, најмалку 18.500 лица биле обвинети, а 12.292 биле осудени. Наодите се базираат на барања за слободен пристап до информации.
- Групата открила и големи географски разлики во спроведувањето. Полицијата во Камбрија регистрирала околу 25,7 апсења на 10.000 жители во текот на пет години, во споредба со само 1,9 во соседната Нортумбрија.
- Big Brother Watch тоа го нарекува „Лотарија на поштенските кодови“.
- Околу 30 роботи протестираа пред полското министерство за дигитални прашања, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција и роботизацијата.
- Организаторите, кои се луѓе, велат дека е потребна поголема јавна дебата за влијанието на новите технологии врз пазарот на трудот.
- Министерот за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски се сретнал со демонстрантите (?), им кажал дека неговиот оддел работи на потребните регулативи. Еден од организаторите рече дека плановите што моментално ги дискутира парламентот содржат недоволна заштита за работниците.