- „Има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња“, откри министерот Стоилковиќ кој во министерството за политички системот го замени Артан Груби.
- Во 2023-та на тендер за угостителски услуги биле избрани две компании. Пчела Ш.Е.Љ.“ која раководи со истоимена ќепабчилница и барбекју бар во Старата скопска Чаршија, од предвидените 944 илјади денари испорачала храна во вредност од 532 037 денари. Втората фирма избрана на тендерот е „Далма кетеринг“, но таа не реализирала ниту еден денар од предвидените 220 илјади денари.
- Последната софра од познатата ќебапчилница во Чаршијата, тимот на Груби ја имал неколку дена пред формирањето на новата влада. Тој ден, според цените, изеле околу 150 порции (десетки) ќебапчиња.
- Техеран им постави седум услови на САД за деблокирање на Ормускиот проток:
- - Крај на заканите од Трамп за Иран;
- Траен крај на војната против Иран и неговите сојузници во Либан, Палестина, Јемен и Ирак;
- Укинување на поморската блокада на иранските пристаништа;
- Повлекување на американската војска од регионот;
- Исплаќање воена отштета;
- Укинување на сите санкции, и
- Безусловно ослободување на замрзнатите средства на Иран.
- „Непријателот е принуден да ги прифати условите. Штом ќе го направи тоа, теснецот сигурно ќе биде отворен“, изјави портпаролот на Револуционерната гарда, Хосеин Мохеби.
- Шефот на дипломатијата Абас Арагчи изјави дека се во завршна фаза преговорите со Оман за привремена заедничка навигација на бродовите низ Протокот. Тој, сепак, додаде дека договорот нема да гарантира отворање на Ормускиот проток. „САД ќе мора да платат, како компензација за прекршувањето на Меморандумот за разбирање потпишан во јуни“, изјави Арагчи.
- Беспилотно летало на украинските воени сили навлегол на териториите на Романија и Бугарија и експлодирал кај пограничното село Кардам, недалеку од две компресорски станици на Трансбалканскиот гасовод од Турција до Украина.
- Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека при експлозијата немало повредени луѓе и нема штета на бугарската станица, оддалечена околу 1.000 метри од местото на кое се урнал дронот. Станицата од романска страна е оддалечена 200 метри.
- Министерството за одбрана соопшти дека леталото било дрон-мамец од типот „Маја“, со кој украинските сили ја попречуваат непријателската противвоздушна одбрана. Иако дронот вообичаено не е вооружен, оној што паднал во Бугарија носел „значително“ количество експлозив.
- Софија оцени дека нема знаци што укажува дека дронот намерно бил насочен кон Бугарија, но Министерството за надворешни работи го повика на разговор украинскиот амбасадор.
- „Можеме со сигурност да кажеме дека одбранбените сили на Украина не насочиле намерно никакви средства кон Бугарија. Во моментов ги утврдуваме сите околности на она што се случи, како и сите технички факти“, изјави Хеорхи Тихи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина.