Кога видел дека 3.000 полицајци се ангажирани во акцијата за негово приведување, суспендираниот претседател на Јужна Кореја решил да соработува со истрагата и да замине во полиција.
„Сакав да избегнам крвопролевање“, рече Јун Сук Јеол кој неколку недели престојуваше во својата резиденција чувана од голема единица лојални полицајци кои го оневозможија првиот обид за негово апсење.
Тој беше суспендиран од парламентот откако неочекувано воведе вонредна состојба и со тоа ги узурпираше демократските механизми и институции во земјата, со образложение дека некои политички сили работат во корист на Северна Кореја.
Москва сака да му се суди на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но нема намера да го грабне како што Американците го киднапираа лидерот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави спикерката на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко.
„Тоа не е наш стил. Ние сме земја која се почитува себеси и е почитувана од другите. Би ја изгубиле таа почит ако прибегнеме кон такви методи“, изјави Матвиенко во интервју за Русија 1.
Таа отфрла и руска акција за ликвидирање на Зеленски, како што САД и Израел го убија ајатолахот Али Хамнеи на почетокот на војната против Иран.
„САД не постигнаа ништо со убиството на врховниот лидер на Иран, а дамката на нивниот углед ќе остане во историјата засекогаш“, истакна Матвиенко.
Таа, сепак, оцени дека Зеленски е одговорен за војната во Украина и дека треба „да се соочи со судење и да биде казнет за своите постапки“.