- Државна лотарија закупи поранешен ресторан за свадби за 2,6 милиони евра, пишува РСЕ.
- Склучиле договор за закуп на нови простории во скопско Визбегово и ќе плаќаат над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години.
- Сопственикот кој му го рента објектот на акционерското друштво бил поранешен бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, кој медиумите претходно го поврзуваа со семејството на Али Ахмети.
- Белгискиот премиер Барт де Вевер ги повика европските земји да ја овластат Европската Унија да преговара со Русија како „единствен реален начин“ да заврши војната во Украина.
- „Бидејќи не сме способни да го загрозиме Владимир Путин со испраќање оружје во Украина, а не можеме ни економски да го задушиме без поддршка од САД, ни останува само еден метод: да постигнеме договор“, изјави Де Вевер за белгискиот весник Ехо.
- Тој предупреди дека ЕУ не може да си дозволи да не биде во преговарачкиот процес додека САД ја притискаат Украина да прифати мировен договор. „Тоа ќе биде лош договор за нас“, рече премиерот.
- Де Вевер забележа дека односите со Русија некогаш ќе мора да се нормализираат. Во меѓувреме, додека трае војната, Европа ќе трпи економски последици. Ако се подобрат односите, Европа би можела да добие пристап до поевтина енергија.
- Според шефицата на европската дипломатија Каја Калас, Унијата прво мора да изгради единствен став што очекува од Русија пред директно да му се обрати на Путин. Таа повика на максималистички барања, вклучувајќи ограничување на руските оружени сили и повлекување на руските трупи од Украина, Грузија и Молдавија.
- Повикувајќи се на извори блиски до новиот врховен лидер на Иран, кувајтски весник тврди дека Моџтаба Хамнеи кој речиси бил убиен во американски воздушен напад, бил префрлен во Русија на операција на ногата што му го спасила животот.
- Моџтаба Хамнеи наводно бил извлечен од бункерот во кој загинаа 4-6 членови на неговото семејство и и со руски авион тајно бил префрлен во Русија.
- Се тврди дека операцијата му била извршена во една од претседателски палати на Владимир Путин.
- Американски извори првично сугерираа дека и Моџтаба загинал во ракетниот напад но подоцна тој како нов врховен лидер издаде декларација со која бара одмазда врз оние кои ја нападнаа неговата земја и нивните сојузници.
* прочитај повеќе на линкот подолу :)