Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите

19 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Меѓународниот суд на правдата (МСП) пресуди дека Мјанмар извршил геноцид врз малцинското население Рохинџи. Пресудата донесена од совет составен од 15 судии од целиот свет е прв случај во кој некоја држава е прогласена за виновна за геноцид. Девет судии ги оцениле злосторствата како геноцид, а шест гласале против.
  • Во 2017 година, во воена операција во Мјанмар беа убиени илјадници припадници на будистичкото малцинство, а повеќе од 700.000 беа принудени да побегнат во Бангладеш.
  • „Постои основан заклучок оти безбедносните сили на Мјанмар дејствувале со геноцидна намера, и дека Мјанмар имал намера да уништи значителен дел од населението Рохинџи“, изјави судијата Јуџи Ивасава.
  • Судот, исто така, утврди дека Мјанмар ја прекршил својата обврска да спречи геноцид извршен од поединци и од безбедносните сили. Одговорен е и за обемно уништување на докази преку палење на телата или со булдожери, со што е попречена секаква ефективна истрага.
  • Меѓународниот суд на правдата ѝ наложува на владата на Мјанмар да им исплати отштета на Рохинџите во износ кој треба да биде утврден во посебен процес.
извор

ГТА 6 ги сруши сите рекорди

19 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • По 13 години чекање, глобалниот феномен GTA 6 конечно пристигна, предизвикувајќи лудило кај играчите ширум светот кои ги одбројуваа секундите до полноќ како за Нова Година.
  • Играта има неверојатен резултат од 99 на Metacritic.
  • Според релевантни податоци за работниот персонал, барањата за одмор во Германија скокнале за 38 проценти, а користењето на прекувремени часови за дури 58 проценти.
  • Во развојот на играта се инвестирани 1,5 милијарди долари,  биле ангажирани преку 5.000 лица а веќе ги сруши претходните рекорди за нарачка. 
извор

Трамп, Си и Путин се заложија глобална стабилност и безбедност

19 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин на историскиот самит во Кина се заложија за одржување на стратешката стабилност и меѓународна безбедност и за дијалог за нуклеарно разоружување.
  • Лидерите на САД, Кина и Русија истакнаа дека самитот во кинескиот град Шенжен се одржал во пријателска атмосфера. Заедничката декларација содржи четири точки:
  • „Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Кина, Русија и САД се обврзаа на реформирање на ОН, со цел организацијата поефективно да одговори на глобалните предизвици и да остане верна на својата основна мисија – меѓународен мир и безбедност“.
  • „Трите земји планираат да го зголемат производството и понудата на преработени нафтени деривати за доброто на сите нации. Ја потврдија важноста на стабилните енергетски текови“.
  • „Тројцата шефови на држави оценија дека принципот на државна согласност и почитувањето на имунитетите на државните претставници се од суштинско значење, при што се согласија дека Меѓународниот кривичен суд и други слични тела не смеат да ја злоупотребуваат својата јурисдикција“.
  • „Тројцата шефови на држави повторија дека нуклеарна војна не може да се добие и дека таа никогаш не смее да се води. Трите земји ќе водат дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.“
  • Покрај темите наведени во заедничката изјава, разговарале и за кризата во Украина, спречувањето на ширењето на нуклеарното оружје, како и за актуелните ситуации на Блискиот Исток и на Корејскиот Полуостров.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Балканштина
2

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

3

Како се победува „Безбеден град“

Македонштина
4

Каја Калас и седумте џуџиња

Мислења
5

Скандинавско лудило во Копенхаген: Норвешка од 2:0 ја сруши Данска и обезбеди четвртфинале

Фудбал
6

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Медиуми
7

Да му се оди на Васко

Инфо
8

Германија нема поим како ќе депортира мигранти во Руанда

Свет
1

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

2

Каја Калас и седумте џуџиња

Мислења
3

Германија нема поим како ќе депортира мигранти во Руанда

Свет
4

САД отвори обвинение за Ирецот кој со секира уништи „Херкулес“

5

Вести од 21 век: На УКИМ дојде струја

6

Русија ја прашува Холандија дали се вклучила во војната

7

Ботови самостојно хакираат 24/7

Технологија
8

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Карерас, врати се!

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Човекот кој игра подобро од вас

Упатства за преговарачот

Два пати мери, еднаш ентер

Болната тајна на хомосексуалците

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy