- Возила со бугарски таблици, а на име на македонски граѓани, не можат да влезат на македонска територија.
- На македонска граница на македонските граѓани им било кажано дека треба да бираат меѓу откажување од македонско државјанство или откажување од автомобилот со бугарски таблици.
- Од МВР за ова порачуваат дека е надлежна Царинската управа, а од Царина ништо не порачуваат.
- Американскиот претседател се решил да оди со ласкање иако домаќинот јасно предупредил да внимава да не дојде до големо недоразбирање меѓу двете земји.
- Претседателот Си нагласил дека прашањето за Тајван е најважното прашање во односите меѓу Кина и САД. Доколку се реши правилно, билатералните односи ќе уживаат целокупна стабилност. Во спротивно, двете земји ќе имаат судири, па дури и конфликти, ставајќи ги комплетните односи во голема опасност.
- „Независноста на Тајван“ и мирот преку теснецот се непомирливи како оган и вода, смета кинескиот претседател. Зачувувањето на мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец е најголемиот заеднички именител меѓу Кина и САД поради што американската страна мора да покаже дополнителна претпазливост во решавањето на прашањето на Тајван, му биле порачано на гостинот.
- Администрацијата на Трамп почна да ги олабавува федералните ограничувања за ароматизираните електронски цигари, што им дава на големите компании за тутун и вејпинг силна позиција на американскиот пазар, воедно зголемувајќи ја загриженоста за зависноста од никотин кај младите.
- Во 2019 година, на инсистирање на Меланија, Доналд Трамп ги забрани ароматизираните електронски цигари, но наиде на проблеми кај МАГА базата и донаторите па им вети дека ќе го смени тоа.
- Единствен кочничар беше донеодамнешниот прв човек на Федералната агенција за храна и лекови, доктор Марти Макари, но под притисоци од разни страни, тој деновиве се повлече од таа позиција.
- Федералните регулатори со години бранеа ограничувања за ароматизирани производи за вејпинг, со аргументи дека токму овие примамливи вкусови помогнаа да дојде до бум на тинејџерските пафкања кон крајот на 2010-тите.