Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Лос Анџелес го гасат и со солена вода

12 јануари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Не успевајќи да се справат со девастирачките пожари поради катастрофално лошото менаџирање на резервите на вода, надлежните во Лос Анџелес прибегнаа кон нешто што обично не се прави: да се гасат огновите со вода од океанот.
  • Пепел се сторени над 10.000 објекти а пожарите зафатија огромна површина од 150 квадратни километри и уште не се локализирани.
  • Како немаат вода а покрај океан се? Не е толку едноставно: солената вода е корозивна, ја уништува опремата и материјалите, прави штета на земјиштето и околината, за некои видови оган е контрапродуктивна и може да биде дополнителна опасност за пожарникарите. Особено ако во равенката има и струја (солената вода е поголем проводник) или хемикалии.

 

извор

Иран му постави на Трамп нови услови за Ормускиот проток

9 август 2026
  • Share
  • Post
  • Техеран им постави седум услови на САД за деблокирање на Ормускиот проток:
  • - Крај на заканите од Трамп за Иран;
    - Траен крај на војната против Иран и неговите сојузници во Либан, Палестина, Јемен и Ирак;
    - Укинување на поморската блокада на иранските пристаништа;
    - Повлекување на американската војска од регионот;
    - Исплаќање воена отштета;
    - Укинување на сите санкции, и
    - Безусловно ослободување на замрзнатите средства на Иран.
  • „Непријателот е принуден да ги прифати условите. Штом ќе го направи тоа, теснецот сигурно ќе биде отворен“, изјави портпаролот на Револуционерната гарда, Хосеин Мохеби.
  • Шефот на дипломатијата Абас Арагчи изјави дека се во завршна фаза преговорите со Оман за привремена заедничка навигација на бродовите низ Протокот. Тој, сепак, додаде дека договорот нема да гарантира отворање на Ормускиот проток. „САД ќе мора да платат, како компензација за прекршувањето на Меморандумот за разбирање потпишан во јуни“, изјави Арагчи.
извор

Украински дрон експлодира близу гасовод во Бугарија

9 август 2026
  • Share
  • Post
  • Беспилотно летало на украинските воени сили навлегол на териториите на Романија и Бугарија и експлодирал кај пограничното село Кардам, недалеку од две компресорски станици на Трансбалканскиот гасовод од Турција до Украина.
  • Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека при експлозијата немало повредени луѓе и нема штета на бугарската станица, оддалечена околу 1.000 метри од местото на кое се урнал дронот. Станицата од романска страна е оддалечена 200 метри.
  • Министерството за одбрана соопшти дека леталото било дрон-мамец од типот „Маја“, со кој украинските сили ја попречуваат непријателската противвоздушна одбрана. Иако дронот вообичаено не е вооружен, оној што паднал во Бугарија носел „значително“ количество експлозив.
  • Софија оцени дека нема знаци што укажува дека дронот намерно бил насочен кон Бугарија, но Министерството за надворешни работи го повика на разговор украинскиот амбасадор.
  • „Можеме со сигурност да кажеме дека одбранбените сили на Украина не насочиле намерно никакви средства кон Бугарија. Во моментов ги утврдуваме сите околности на она што се случи, како и сите технички факти“, изјави Хеорхи Тихи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Заврши окупацијата на запуштениот имот на Македонија во Цирих

Свет
2

Замина без поздрав

Видео
3

Војната во Украина достигна точка на пресврт

Свет
4

Феноменот и психологијата зад „обновувањето“ по 40-тата година

5

Патриотски булинг

Македонштина
6

Крајот веста ја краси

Медиуми
7

Генералот Кејн бара излез од војната

8

Мора да ја повториме оваа легендарна ситуација

Балканштина
1

Заврши окупацијата на запуштениот имот на Македонија во Цирих

Свет
2

Војната во Украина достигна точка на пресврт

Свет
3

Генералот Кејн бара излез од војната

4

Подемот и падот на лажливиот професор од Кембриџ

Занимливости
5

Како Европа ја покори Унгарија

Мислења
6

После посетени 43 европски града, во срцето останало Скопје

7

Тротинетите се три пати поголем ризик за главата од мотоциклите или точаците

8

Шпанија воведува гранични контроли за патници од Италија

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Патриотски булинг

Медиуми

Крајот веста ја краси

Балканштина

Мора да ја повториме оваа легендарна ситуација

Македонштина

Пожарот од блиску доаѓа

Балканштина

Не може име да биде појасно

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Капа долу за Џорџ Клуни

Руски страв од кинеската змија

Третата фаза

Еутаназија на српски начин

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy