- Левица поднесе кривична пријава против актуелната владина членка на Одборот на директори на АД „Телеком“ Шкодране Дардишта, поради сомневање за „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ – казниво по чл. 319, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од една до пет години.
- Пријавената се терети дека преку Фејсбук објавила заканувачки статус во кој се повикува на Војната од 2001 година, во која животот го загубија стотици македонски граѓани.
- Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост.
- Најмалку 12 луѓе загинаа и десетици се повредени во верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија.
- Во услови на исклучително густа магла во 7 часот наутро, близу клучката „Зимница“ имало два верижни судари – едниот во правец кон Бургас, а другиот во спротивната насока кон Софија.
- Се судриле повеќе од 86 автомобили, камиони и автобуси. Некои се запалиле.
- Десет лица загинале на место, а уште две починале при транспорт до болница.
- Најмалку 48 повредени луѓе биле префрлени во болниците во Јамбол и Сливен, некои во тешка состојба, изјави министерката за здравство Катја Ивкова.
- Во операцијата за извлекување патници од возилата и укажување итна помош се ангажирани и припадници на воените сили, со хеликоптери и транспортни авиони.
- По победата на партијата „Die Linke“ (Левица) на изборите во Берлин, започнаа коалициски преговори за планот за преземање на над 160.000 приватни станови (претежно во сопственост на компанијата Воновија) во јавна сопственост, со компензација ограничена на 16 милијарди евра.
- Левичарите се повикуваат на уставната одредба за „поопштествување“ но планот се соочува со жесток отпор од инвеститорите и најавата на канцеларот Фридрих Мерц за забрана на овој потет на федерално ниво.
- „Домувањето е човеково право и ние сакаме да го одземеме од канџите на шпекулантите,“ изјави левичарската кандидатка за градоначалничка на Берлин.
- Изборните победници се обидуваат да состават влада со идеолошки блиските Социјадемократи и Зелените а конзервативците ги обвинуваат за антисемитски ставови и блиски врски со кругови кои оправдуваат тероризам.